Улицата на Тоше во ноќните часови

Во вечерните и ноќните часови Улицата на Тоше изгледа подеднакво убаво. Боите на цвеќињата и тревата се впечатливи како и дење, тишината е засилена, а песните на Тоше доаѓаат до израз и споменикот сјае.

Чекорот по улицата во вечерните часови по крушевските скали сега има поинакво чувство. Тука е пријатниот мирис, тука се песните и јасно е осветлено името на улицата. Центарот на Крушево доби уште едно убаво место по кое не смеете да не поминете во вашите вечерни прошетки.

Улицата ја има истата енергија како и при дневна светлина. Дефинитивно, ова е едно од најубавите места во Крушево.

Share on:

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Голем GIVEAWAY на On Top Apartments

On Top Apartments со голем GIVEAWAY за најверните следбеници. Овој GIVEAWAY е најголемиот досега и не смеете да го пропуштите.

On Top Apartments доделуваат 4 ваучери од по 1 000 денари и 6 ваучери од по 500 денари.

За да дознаете како да ги добиете ваучерите посетете ја официјалната Фејсбук страница на апартманите, или пак одете директно на Фејсбук објавата со клик ТУКА.

On Top Apartments и Викенд во Крушево се секогаш тука да го направат вашиот престој во Крушево поубав.

Share on:

ИЗГЛЕДА ПРЕУБАВО Започна уредувањето на улицата на Тоше

Иницијативата за разубавување на улицата кое го носи името на пејачот Тоше Проески започна со засадување на дрвца, а ќе продолжи со инсталирање озвучување од која ќе се слушаат песни на Тоше и засадување на цвеќиња.

Оваа акција ја спроведуваат општина Крушево, здруженијата од Платформата за развој на туризмот и Манифестација НКС „Десет дена Крушевска Република“, а со цел да ја разубават оваа улица која е во центарот на градот.

Викенд во Крушево ја поддржува оваа акција која сигурни сме ќе помогне во кампањата #ДомаСиЕДома но и ќе го направи Крушево поубаво за туристите ова лето.

Share on:

Настанокот на Крушево и неговиот прв жител

Постојат повеќе легенди за настанокот. Една е дека некој бегалец кој напросто се довлеков до овде со последните сили и кога престанал да ја слуша потерата, прилегнал под првото дрво. Кога ги отворил очите, сонцето веќе одамна изгреало, а тој го здогледал рајот на земјата. Секаде окол него круши, со гранки провиснати од плодовите. Тоа било крај на неговот бегство, а местото го именувал Крушево.

Овчарската легенда вели дека овчарите од разурнатото село Стар Дол, Трстеник, Селце и Бирино немајќи каде да одат прикрепиле колиба кај голема дива круша.

Од она што може да се прочита од Слепчанскиот кодик што калуѓерите го воделе од 1544 год., па натаму, се споменува името Крушево кое се однесува на сегашната населба. Ако се ѕирне во поновите списи, ќе се најде истото и во Трескавичкиот кодик (од 18ти век). Историски е утврдено дека во 1868 год., Крушево имало тринаесет цркви и 1400 куќи.

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)