Како јас пречекувам гостин           

Крушево е град со долга и позната традиција и култура, каде што живеат фини и скромни луѓе, познати надалеку по своето гостопримство. Секој кој го посетил Крушево барем еднаш, се враќа во своето место на живеење со позитивни искуства и пофални зборови за односот на моите крушевчани. Градот пак, самиот по себе поседува нешто кое можеби не можи точно да се објасни со зборови, нешто што едноставно ни’ дава чувство на сигурност и смиреност, едноставно уживање на некоја крушевска тераса со кафе и поглед кон градот кој личи на свиено гнездо во планината, поглед кон околната природа и планини кои го одземаат здивот.

            Крушево е и широко посетен град, особено во летниот и зимскиот период, а е убав град во секој период од годината. Ми се најавува гостин? Тоа секогаш е убаво доживување. Се симнувам на влезот од градот или на крушевската автобуска станица, го пречекувам со сите почести, затоа што е гостин, не е мала работа 🙂 И тогаш, нормално, започнува прошетката низ градот. Го пиеме првото кафе во некој од крушевските кафулиња и потоа продолжуваме понатаму. Се упатуваме кон посета на некој од музеите, кои во Крушево ги има шест. Секогаш е добро да се знае нешто за градот, а кога станува збор за Крушево има многу што треба да се знае од причина што токму тука се одиграле многу значајни настани, многу од нив одиграле и клучна улога во создавањето на македонската држава.

Доаѓа време за ручек. Тогаш, по желба на гостинот, се упатуваме во некој од крушевските ресторани, каде што можат да се пробаат доста наши специјалитети, како на пример: крушевска пита, домашен колбас, чомлек и многу други готвени јадења специфични за нашето поднебје. Друга опција е да се упатиме кон некоја од крушевските пицерии, каде што може да се проба вкусна пица подготвена од вештите раце на мајсторите со долгогодишно искуство во својата работа. Или па, трета опција за гостите кои преферираат алтернативни дружби е да се оди на некое од излетничките места во околината на Крушево, како Мечкин Камен, Крушевското езеро или Кипрово. Таму, покрај тоа што може да се направи скара, нашите гости имаат можност да уживаат во прекрасната природа и чистиот воздух кој ги опкружува овие места.

Се упатуваме кон мојот дом. После одморот, попладнето може да се резервира повторно за некоја прошетка. Тогаш се искачуваме нагоре кон некој од крушевските хотели кои се наоѓаат на врвот од градот и имаат летни тераси со прекрасен поглед на самиот град. Таму исто така може да се помине доста квалитетно време, едноставно уживајќи во свежиот воздух, убавото опкружување и разговорот со гостинот кој се интересира и ми поставува различни прашања за градот, а јас му одговарам надолго и нашироко.

Навечер, ако е викенд, излегуваме да се опуштиме во некоја од крушевските кафеани, каде најчесто има забави со жива музика. Во работни денови, кога е помалку раздвижено, се излегува на кафе-шема во некој од крушевските кафулиња или пак се оди на пријатна вечерна прошетка долж главната улица во Крушево се до месноста „Гумење“ која претставува еден вид на збиралиште за младите луѓе од Крушево каде обично се седи на клупи, се грицка сончоглед и се пие пиво и се водат интересни дискусии.

Гостин во Крушево, едноставно не може да се испрати дома без да му се даде нешто. Најчесто тоа е или некој домашно приготвен специјалитет, или па еден од најголемите специјалитети – крушевскиот локум и целуфките кои се познати надалеку по нивниот специфичен вкус. Само оној кој пробал знае за што Ви зборувам, пријатели! И така, секој гостин од Крушево си заминува среќен и задоволен и секако, сака пак да се врати. Ова е еден пример како со малку може да се направи многу, потребно е само добра волја и желба за промоција на сопствениот град.

Наум Прешоски

Share on:

На велосипедска тура во Крушево, градот има голем неистражен потенцијал

Крушево е се’ уште недоволно истражен терен од страна на патеки за планински велосипедизам. Околината на Крушево нуди голем потенцијал и на тие предели се организираат многу велосипедски и планинарски тури, а секако и дел од активностите на фестивалите на отворено When in Krusevo и Крушево низ корија.

Овој потенцијал на Крушево беше препознат од страна на странските донатори и општина Крушево обележи и подготви патеки во должина од 42 километри.

Прочитајте повеќе: When in Krusevo – светот на адреналинот а едно место

#Крушево нуди возбудливи патеки за незаборавно велосипедско доживување низ прекрасните планински предели. Турите започнуваат од историскиот Мечкин Камен, поминуваат покрај Спомен куќата на Тоше, манастирот „Св. Преображение“, Македониумот и останатите Крушевски знаменитости, а вклучуваат и офроуд делови низ дебелата сенка на Крушевската корија. Нудат спектакуларен поглед кон #Крушево и целата дестинација, при што неизбежно е да се направи некоја фотографија во преубавата природа.
#LRCP #ЕУзаТЕБЕ #ОдржливиИнвестиции #ПотпроектНаНеделата #ОпштинаКрушево
– пишуваат од Канцеларијата на Проектот за локална и регионална конкурентност во чии рамки општинта ги означи велосипедските патеки.

Прочитајте повеќе: Велосипедизам во Крушево

И покрај овие 42-километарски патеки тие се само мал дел од понудата на Крушево. Колку за илустрација Крушево низ корија и When in Krusevo во своите тури користат и предели кои се подлабоко во крушевската корија.

Планинскиот велосипедизам е уште една алтернатива во авантуристичката понуда на градот. Доколку доаѓате без велосипед тогаш можете да изнајмите во Центарот за авантуристички туризам во самиот центар на градот или во хотел Панорама спа.

Share on:

Музејска тура

Музејска тура – FEEL HISTORY се организира за 10 – 12 лица, со посета на сите музеи во град Крушево. Почнува од 10.00 часот пред Столбот на Крушевската Република, Посета на црките Св. Никола и Св. Јован – музеј на икони, Локум и кафе во автентичен амбиент на староградска крушевска куќа, Посета на музејот на Илинденското востание – леарница и збирка оружје од 1903 г. Посета на куќата во која живеел Никола Карев и споменикот на Никола Карев, Посета на споменикот Илинден и гробот на војводата Питу Гули, Посета на спомен куќата на Тоше Проески, Посета на музејот на Никола Мартиноски, Традиционелен ручек во автентичен амбиент на староградска куќа.

Во цената на турата се вклучени: влез во музеите, кафе, традиционален ручек и водич. (крушевска пита, проја, погача, крушевски колбаси, крушевско овчо сирење, ребра од фурна, гурабии со домашно слатко, домашна ракија). Турата се изведува исклучително со лиценциран локален туристички водич.  Времетраење на турата е 5 часа. Турата е пешачка и спаѓа во категории лесни тури. Цена 15 евра, со 15% попуст за рана уплата и за групна уплата.

Резервации на: contact@feelkrusevo.com

Share on:

Манастирска тура

Манастирска тура – SECRET PLACES се организира за 6 – 10  лица, со посета на четирите цркви во градот (Св. Никола, Св. Јован, Св. Богородица и Св. Тројца) и трите манастири (Св. Спас, Св. Василиј и Св. Преображение). Почнува од 10.00 часот пред столбот на Крушевската Република. Со посета на Св. Никола каде се наоѓаат мошти на Св. Климент, Посета на Св. Јован каде се наоѓа галеријата на икони од 17-ти век, Посета на Св. Богородица, Патување до манастирот Св. Преображение, кафе кај Крстот, Посета на Св. Тројца, Патување до Св. Спас, Пешачење до Св. Василиј, Манастирски ручек во Св. Василиј, (манастирска погача, селски леб, козјо сирење на плотна, овчо кисело млеко, шумски печурки на плотна, манастирска ракија, ребра од фурна, тавче гравче).

Враќање до Крушево. Во цената на турата се вклучени: превоз, кафе, традиционален ручек и водич. Турата се изведува исклучително со лиценциран локален туристички водич. Времетраење на турата е 5 часа. Турата е комбинирана, пешачка и со организиран превоз со мини комбе. Категорија – лесна тура. Оваа тура може да заврши со пешачење до Мечкин Камен и превоз до центарот на градот. Категорија – средно тешка. Цена 15 евра, со 15% попуст за рана и за групна уплата.

Резервации на: contact@feelkrusevo.com

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)