Крушевско Езеро навечер делува магично ФОТО

Нашето омилено Крушевско Езеро се подготвува да биде најубавото место и во вечерните и ноќните часови. Започна осветлувањето и за почеток е осветлена браната, односно патеката која го врзува едниот со другиот крај на езерото и патеките за пешачење и велосипед.

Патот до Езеро ќе биде исто така осветлен, а фотографиите кои ги направивме му даваат дополнителна живост на местото.

Местото делува магично. Вечерните прошетки сега ќе бидат подеднакво убави како и денските.

Погледот кон осветлениот дел е навистина нешто прекрасно. Заедно со околните светилки местото добива свој вечерен дух.

Магијата на Крушевско Езеро делува бескрајна. Фотографиите го потврдуваат тоа, но мора да го посетите ова место и во вечерните часови за целосно да го доживеете чувството.

Share on:

Предлог дестинација – Крушево и Етно вила

Уште еден викенд е пред нас, а Викенд во Крушево ви предлага да престојувате во Етно вила за да ја почуствувате вистинската атмосфера, да се навратите во славното минато и престојувате во околина која е навистина уникатна.

Етно вила се наоѓа во центарот на Крушево на само 120 секунди пешачење до првата продавница и 150 секунди до првиот ресторан. Покрај тоа што ќе бидете блиску, во големиот двор можете да поминете еден убав викенд со скара, дружба во вечерните часови и воодушевување на пејзажите.

Внатрешниот амбиент е она на што мислевме кога велевме „уникат“. Апартманите се уредени на начин што самото име го илустрира просторот. Етно стил, со уникатни поставки и мебел кој не само што ќе ве одмори, туку и ќе ви даде чувство на крушевско.

Апартманите се големи и соодветни и за семејства или повеќе друштва на млади. Цената, секако, како и сегде во Крушево е пристапна.

Ова е една од ретките вили во Крушево која нуди целосно доживување на она што Крушево го прави уникатно и привлечно. Симболите на староградската култура и начинот на живот се претставени тука подобро од било каде.

Замислете се себе си да престојувате цел викенд овде. Ви завидуваме, да знаете!

Информации и резервации на следниот телефонски број: 078 277 692

Share on:

Јавање коњи во Крушево

Крушево ја збогатува авантуристичката понуда за туристите и јавањето коњи е една од најновите активности која привлекува голем интерес кај посетителите.

Коњичкиот клуб од Крушево постои само неколку години, но она што го нуди е навистина интересно за туристите. Па така, Крушево има една широка понуда која опфаќа јавање коњи, тандем параглајдинг, планинарење, велосипедизам и друо.

Јавањето коњи како едно уникатно искуство ќе ви понуди и поглед на околината на Крушево, природата и историските локалитети.

Контактирајте не’ и ние ќе ви резервираме едно необично искуство во Крушево.

Јавајте и спознајте ја природата.

Посетете ја официјалната Фејсбук страница на коњичкиот клуб Крушево.

Share on:

When In Krusevo поинаков, но не помалку атрактивен

When in Krusevo оваа година ќе биде 10-дневно авантуристичко искуство и истражување на Крушево. Заради коронавирусот концептот е изменет, но не помалку атрактивен.

Фестивалот започнува од 1-ви и ќе трае до 10-ти август и ги нуди следните содржини:

  • Тандем парагалдјинг
  • Планинаски тури
  • Велосипедски тури
  • Трчање
  • Јавање со коњи

Организаторите обезбедуваат и награди за најдобрите. Но, во продолжение да ги погледнеме деталите за настанот.

When in Krusevo 2020, по четврт пат, ќе се одржи од 01. – 10. август насекаде низ Крушево и неговата околина. При тоа, во предвид ќе бидат земени сите безбедносни мерки и протоколи издадени и препорачани од релевантните институции.

Како да учествувате?

1. Се регистрирате на нашиот настан When in Krusevo 2020. (http://wheninkrusevo.mk) или линк за пријава: https://forms.gle/TYD3EhCsL3oGVJ1U9

2. Резервирате сместување според ваша желба кај некои од нашите добри домаќини и поддржувачи на настанот – контактите дополнително ќе бидат објавени.

3. Доаѓате во Крушево и користејќи ги поволностите што ги нуди When in Krusevo за своите учесници избирате авантура по Ваша мерка, креирате ваш предизвик, спортувате или едноставно се релаксирате (на Крушевското езеро, на Мечкин Камен, на манастирот Преображение, на манастирот Св. Спас, на терасата на Панорама или Монтана, во локалните таверни, етно ресторани… или на било кое место каде што вие посакувате).

Кои се поволностите и активностите што ги нудиме?

Параглајдинг: Уникатно адреналинско искуство на покривот на Крушево! Имате можност да уживате во неверојатниот поглед на крушевската околина и Пелагонија.
Со картата за учество во When in Krusevo добивате 50% попуст за ова неверојатно искуство.

Јавање со коњи: Единствена можност да го искусите ова кумитско искуство низ крушевските шуми и полиња. Уживајте во природата, пејзажите и чистиот воздух.
Со картата за учество во When in Krusevo добивате 30% попуст за ова неверојатно искуство.

Планински велосипедизам (MTB): Согласно препораките за безбедност, со цел да избегнеме групирање на повеќе луѓе, оваа година тимот на When in Krusevo ви обезбедува едноставна и прецизна навигација на големата и малата велосипедска тура. Искористете го вашиот престој во Крушево за незаборавно планинско возење по ваша мерка ☺

– Голема велосипедска тура (38 km): https://www.strava.com/routes/19755443
(се посетува: Крушевска корија, манастирот Преображение, Мусица 1788 мнв, Слива, Станич)

– Мала велосипедска тура (18 km): https://www.strava.com/routes/13450001
(се посетува: Крушевска корија, Слива)

Планинарење: Изберете ја вашата омилена планинарска тура, прецизно виртуелно обележана преку подолу наведените линкови. Запознајте ја крушевската природа и наполнете ги градите со чист планински воздух:

– Голема планинарска тура (20 km): https://www.strava.com/routes/13545510
(се посетува: Мусица 1788 мнв, Слива, манастирот Преображение)

– Мала планинарска тура (8 km): https://www.strava.com/routes/16894026
(се посетува: Крушевската корија, Слива, Крушевско езеро)

– Рекреативна пешачка тура: во и околу Крушево, според ваша желба, волја и кондиција ☺

Виртуелна трка во трчање. За љубителите на трчањето, во рамки на When in Krusevo 2020 организираме виртуелна трка во два сегмента:

– Најбрз на 5km
– Најмногу истрчани km

Награди: за трите најдобри резултати, поединечно во планирање, планински велосипедизам, најбрзо трчање на 5km и најмногу истрчани километри, учесниците ќе добијат уникатен медал за прво, второ и трето освоено место со логото нa When in Krusevo.

Напомена:

Основни правила за учество на виртуелната трка:
– натпреварувачите потребно е да бидат учесници на When in Krusevo,
– времињата и километрите се земаат во предвид само од 01. – 10.08.2020 на територија на Крушево;

Tрчањето, велосипедските и планинарските тури се одвиваат во сопствена режија и на сопствен ризик, без групирање согласно објавените рути.

Почитувањето на превентивните заштитни мерки од Covid-19, пропишани од релевантните институции, е задолжително за секој учесник.

When in Krusevo Outdoor festival ве очекуваме!

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)