Крушево во септември – еве што не очекува

Веќе неколку дена нова група на параглајдеристи од Европа престојуваат во Крушево и се подготвуваат нови меѓународни натпревари, а пред нас е уште еден викенд во кој ќе се одржи градска улична трка и Крушево низ корија.

Прочитајте повеќе: Градска улична трка овој викенд во Крушево

Сончевото време ја продолжува летната сезона во Крушево. Времето е исполнето со содржини, но и без некои несекојдневни настани тука се жичарницата во Крушево и ски центарот Станич кој е преобразен во центар за 4 сезони.

Пред само 2 дена во Крушево пристигна нова група на параглајдеристи. Како што претходно најавивме во месец септември не’ очекуваат два параглајдинг натпревари, а попатно гледаме дека има и многу настани.

Покрај Крушево низ корија и градската улична трка утре во 18 часот веќе наредниот викенд продолжува со Krushevo Trail Challenge кој беше преходно одложен.

Прочитајте повеќе: Настани се одложуваат, но не откажуваат

Но, има уште нешто. Тоа се вечерните пејзажи на Крушево. Верувајте тие се неодоливи.

Share on:

Флајмастер опен – уште едно параглајдинг првенство во Крушево

Веќе неколку дена во тек е уште едно големо параглајдинг првенство. Се работи за Флајмастер опен кој традиционално се одржува во Крушево со години на назад.

Крушево е исполнето со параглајдеристи од цела Европа, но и други континенти, а крушевското небо…. не е потребен опис, само погледнете ја фотографијата подолу.

Ова е второ првенство кое се одржува ова лето во Крушево, а до крајот на септември ќе с еодржат уште две. Но, тука се и параглајдеристи од целиот свет со различно ниво на познавање на спортот кои доаѓаат рекреативно и не се учесници на првенствата. Тука се да го восприемаат крушевското небо, пријатниот ветер и чистиот воздух.

Од почетокот на август тимот на Викенд во Крушево доби многу повици и пораки за тандем параглајдинг. Интересот за ова искуство е навистина голем. Бидете и вие авантуристи и пробајте го ова несекојдневно чувство.

Share on:

Август „преполн“ со настани

Август не бил поисполнет со настани како што е годинава. Од самиот почеток не очекува настап на Љубојна, потоа од 6-ти август When in Krusevo заедно со пливачки маратон и неколку трки во трчање – Krushevo Trail Challenge.

Оваа година август ќе го одбележиме со планинарење, велосипедизам, журки со ди џеи како Галоски и Бабура Џуниор, а ќе имаме настани како џез концерти, содржини за најмладите и секако Крушево низ корија.

Веќе од средината на август не’ очекуваат и првите официјални меѓународни параглајдинг натпревари. Од 21-ви започнува Flymaster Open а до средината на септември ќе се одржат уште неколку официјални натпревари.

Драги наши, резервирајте го август за Крушево затоа што имате се што ќе посакате за да ви биде интересно, забавно и да ве натера да не сакате да си замините.

Share on:

Параглајдингот назад во Крушево, Украинци и Руси најприсутни

Поголеми групи на параглајдеристи веќе доаѓаат во Крушево, а ова лето се очекува најприсутни да бидат авантуристите од Украина и Русија.

Полетиштето за параглајдинг во Крушево после долго време е исполнето со параглајдеристи. Небото над Крушево после долга пауза е повторно обоено со боите на овие летала, а градот е раздвижен од странски посетители.

Во овој момент нема официјални натпревари, односно првиот натпревар кој до сега е закажан е некаде на средината на август.

На 8-ми август започнува PrePWC Nearbirds Cup and Ukrainian Open првенство кое ќе трае до 14-ти август, а до почетокот на септември не’ очекуваат уште два меѓународни натпревари. Ова потврдува дека стотици натпреварувачи ова лето ќе престојуваат во Крушево после една година пауза.

Според претставниците од македонските параглајдинг клубови оваа година се очекуваат најмногу параглајдеристи од Украина и Русија и овие земји се очекува да доминираат во Крушево ова лето.

Добро е што авантурата се враќа во Крушево, а ние како љубители на овие убавини се радуваме што имаме што да видиме ова лето.

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)