На мото тура во Крушево

Крушево и околината се одлични за велосипедизам, планинарење, собирање билки, но исто така и за мото тури.

Нашите другари Таки Јуца, Ташули Стојкоски, Валентин Мургоски и Стефан Новески речиси секоја недела ги користат пределите околу Крушево за тура со нивните мотори.

Мото турите се уште еден извор на адреналин во Крушево.

Најчесто главната цел на турата е врвот Мусица на 1788 метри надморска висина до кој се доаѓа користејќи ги земјените и т.н. стари патишта во Крушево.

Турата започнува од месноста Гумење и се движи по стариот пат за манастирот Св. Преображение. Од манастирот мото турата продолжува по нагорнините кои водат се до врвот.

Турата може да се движи и од Мечкин камен преку околината на и самиот ски центар. По патот се поминува низ трла, историски споменици како Слива, предели со билки и др.

Во оваа тура се опфаќаат многу предели на околината на Крушево, дури и подалечни делови кои се граничат со Македонски Брод и селата како Св. Митрани.

Ако сте љубители на мотори и невообичаена доза на адреналин тогаш искористете ги пределите опишани погоре.

Share on:

ВИКЕНД ПОНУДА Музеите се отворени, пробајте вкусна храна во Либра

Пред нас е првиот викенд за користење на ваучерите за туризам. Во Крушево има околу 20 сместувачки капацитети кои работат со овие ваучери, а деновите што претстојат носат уникатна понуда за вас.

Музеите се отворени по неколку месеци пауза и по подолго време можете повторно да ја почувствувате историјата на Крушево. Посетете ги Македониум, галеријата Никола Мартиноски и спомен куќата „Тодор Проески“ кои работат од 9 до 16 часот.

За вкусен ручек ви предлагаме да посетите еден од локалите во близина на музеите. Посетете го ресторан Либра и пробајте паста со кулен и растопен кашкавал.

За недела ви препорачуваме прошетка до манастирот Св. Преображение. Кога веќе сте на манастирот испешачете и до 33-метарскиот крст од каде што можете да го погледнете цело Крушево, околината и дел од Пелагонија. Крстот се наоѓа на 15 минути пешачење од самиот манастир.

Поглед од Св. Преображение

Посетете го Крушево уште овој викенд. Не’ очекува убаво време.

Share on:

Предлог активности за овој викенд во Крушево

Пред нас е уште еден викенд кој можете да го поминете во Крушево. Според временската прогноза не’ очекува сончево и топло време, односно време кое е соодветно за активности на отворено.

Овој викенд ви предлагаме да направите една мала тура со велосипед. Таа можете да ја пробате во сабота наутро и патем да уживате во убавите пејзажи на Крушево. Подолу во видеото погледнете ја предлог турата.

Дел од турата е одмор и пиење кафе во ресторан Алто на скијачките терени, а турата ќе ве одведе се до центарот на Крушево.

За ручек ви предлагаме да го посетите Ресторан Шапе и да пробате Грне А’ла Шапе.

Саботното попладне нека биде за малку одмор, а во вечерните часови ви предлагаме кафе во хотел Панорама спа.

За во недела резервирајте си јавање коњ. Ова е едно од поновите искуства што може да се пробаат во Крушево и затоа бидете меѓу првите кои ќе можат да раскажуваат за истото.

Пред заминување пробајте Крушевска сабја во Крушевска одаја.

Се на се’, овој викенд можете да направите многу повеќе од ова, но ние ќе се потрудиме секој викенд да ви предлагаме предлог активности кои можат да го направат вашиот престој во Крушево незаборавен.

Share on:

ВИДЕО Пролетна велосипедска тура низ крушевската корија

Направивме мала велосипедска тура поминувајќи дел од најубавите предели на крушевската природа.

Започнавме од историското место Гумење и се упативме во правец на авантуристичкиот парк Бегова Корија и чешмата викана АРМ.

По кратката пауза која беше наменета за восхитување на крушевската корија продолживме кон ски центарот Станич. Во Алто следеше пауза за кафе и Мохито.

Продолжуваме од ски центарот по земјен пат кон чешма Гума и излегуваме на асфалтниот пат кај бензиската пумпа.

Турата привршува со спуст до хотел Монтана Палас. Спустот е веројатно најголемото доживување, кога со брзина од 40 и повеќе километри на час ја одминуваме острата удолница

Подолу погледнете кратко видео од турата.

За оваа тура се заблагодаруваме на Наумче, Бале и Кочо за учеството во оваа тура.

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)