Крушевскиот Dj Tasesskii: Од хоби „диџејството“ ми стана начин на живот

Dj Tasesskii е еден од поновите и помлади ди џеи во нашиот град. Направивме интервју од неколку прашања, па дознавме интересни работи за него. Прочитајте што сподели тој со нас.

Прво го прашавме за тоа кога е роден и во кое средно училиште учи, а тој ни одговори: ,,Роден сум на 10-ти април 2002 година, учам во средното училиште ,, Орде Чопела” во Прилеп и сега сум трета година.

Потоа, го прашавме колку години е диџеј, а како одговор следуваше дека со „диџејство“ се занимава веќе три години.

Каде се’ има настапувано?

Најчесто настапува во нашиот град и во добро познатите локални клубови: ,,Клуб Планет, Сноу бар, Најт клуб Белами и Најт клуб Вип во Прилеп. Има настапувано и на неколку фестивали кои се одржуваат во Крушево и тоа на: Крушево Будно, Тејст Крушево (Taste Krushevo), Еду штанд како музика во позадина, како и за празникот Илинден во склоп на програмата ,, 10 дена Крушевска Република”.

Неговата музика се слушала и преку ден и навечер, така што одговара на сите вкусови и различни амбиенти.

Покрај клубовите и фестивалите, има настапувано и на приватни забави како што се матурите и полуматурите.

Следно го прашавме, зошто се занимава со „диџејство“? – „Од секогаш сум ја обожавал музиката и секогаш сум сакал да свирам на некаков инструмент, но како што поминуваше времето повеќе се интересирав за електронската музика. Со тоа се роди мојот сон и мојата желба“.

На следното прашање дали во иднина би се занимавал со пуштање музика, тој ни одговори дека дефинитивно би се занимавал со тоа, бидејќи започнало како хоби, но веќе прераснало во начин на живот.

И за крај – „Кои од познатите личности служеле како инспирација за Dj Tasesskii да се занимава со „диџејство“? – „Инспирација ми се: Тујамо Хугел, Џејмс Хајп, Армин Ван Бјурен, Сунери Џејмс и Рајн Марикано“.

Ние му се заблагодаруваме за краткото интервју на Dj Tasesskii и ни’ останува само да му посакаме многу среќа и успех во тоа што го работи.

Со нетрпение го очекувамe твојот следен настап!

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)