Голема традиција во Крушево – Св. Спас – празник на манастирот

Овие два дена, 9-ти и 10-ти јуни се денови посветени на христијанскиот празник Св. Спас кој е голема традиција во Крушево заради манастирот во падините на Бушева планина.

Манастирот забележува голема посетеност овие два дена. Не само од Крушево, туку и луѓе од Кривогаштани, Прилеп, Демир Хисар и Битола на 9-ти и 10-ти јуни се на манастирот каде што го одбележуваат празникот и се восхитуваат на убавината на самиот манастир и околината.

Манастирот Св. Спас е исклучително популарен и во текот на цела година заради самата убавина, околината исполнета со шуми и патеки кои нудат можност за прошетка, велосипедизам и други авантури.

Природата околу манастирот навистина знае да го земе здивот, но овие денови покрај природата се запазува и оваа долга крушевска традиција.

Овој празник се одбележува на точно 40 дена од Велигден и претставува симбол на вознесениете на Исус Христос. Според Светото писмо, на 40-от ден по воскресението Христос им се обратил на своите ученици и ги известил за спуштањето на Светиот дух.

До Спасовден верниците се уште се поздравуваат со „Христос воскресе – навистина воскресе“.

Вреди и вие да го посетите манастирот, а на сите Христијани им го честитаме овој голема празник.

Share on:

Светскиот шампион во планински велосипедизам во Крушево

Светскиот првак во планински велосипедизам Ралф Неф е фасциниран од природните услови и можностите што Крушево ги нуди за велосипедизам. Неговите планови за Крушево се големи и тој нашиот град го гледа како иден светски центар за планински велосипедизам.

На иницијатива на хотел Панорама Швајцарецот е во неколкудневна посета на Крушево и истражување на потенцијалите за планински велосипедизам. Од неговите изјави за медиумите се гледа дека е воодушевен од она што го гледа.

Овде гледам голем потенцијал за развој на планински велосипедизам. Имате многу убава природа, нашиот тим имаше непроспиени ноќи заради неограничните можности кои што ги увиде деновиве во Крушево. Многу е добро да се види и големиот ентузијиазам што го има локалната велосипедска заедница и мислам дека овој проект ќе креира работни места, ќе придонесе за туристичките потенцијали и едвај чекам да видиме што ќе направиме за неколку години тука. Првично може да се започне со проектирање на почетнички патеки на планината, а потоа може да се изградат и поекстремни. – изјави Неф.

Хотел Панорама веќе неколку години инвестира во авантуристичкиот туризам. Покрај целосната реконструкција на хотелот, се работи на авантуристички парк, обележување велосипедски патеки и друго. Оваа нивна иницијатива, која беше малку одложена заради пандемијата, ќе резултира со големи придобивки за градот, а Крушево ќе прераснува во вело дестинација од светски рамки.

Тимот на Викенд во Крушево се радува на посетата на Неф на Крушево и изразува поддршка за проектите кои ги спроведува хотел Панорама & Спа.

Share on:

Трки во трчање, август 2021 во Крушево

Од 6-ти до 8-ми август во Крушево ќе се одржат трки во трчање во рамки на настанот Krushevo Trail Challenge.

Во рамки на овој настан ќе се одржат 5 типа на трки:

  • 3 in 1 marathon
  • Panorama half marathon
  • Altro Trail 13k
  • Urban trail 8 k
  • Fun Race

Се работи за настан кој е меѓународен и од оваа година започнува да се одржува во Крушево. Настанот овозможува адреналин, истражување на природата и дружба.

Информации за настанот и пријавување на официјалната „Фејсбук“ страница.

Share on:

Јавање коњи – нова сезона нова авантура

Во Крушево целосно се рестартира и јавањето коњи. Ова е се’ уште релативно ново искуство во нашиот град и недоволно истражено.

Многу од оние кои веќе го пробале ова искуство во Крушево веќе го препорачуваат јавањето на коњи, а она што е дополнително привлечно се самите предели по кои се организираат турите.

Турите се организирани на едно многу професионално ниво и единствено што треба да направите е да го исконтактирате клубот и да си ја закажете својата тура/авантура.

За да погледнете повеќе фотографии и да се информирате следете ја официјалната страница на Коњичкиот клуб Мусица.

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)