Ова лето #ДомаСиЕДома

Македонија има прекрасни дестинации за одмор, авантура, истражување. Нашата држава има толку многу бисери што ова лето ќе го направат дури и поубаво од другите кога сите посетувавме странски дестинации.

Крушево е еден од тие бисери. Крушево е уникатно по својата природна положба, по својата понуда и по скорешниот развој во оваа област. Крушево е единствено само по себе.

Во Крушево има можност за активен туризам. Почнувајќи од планинарски и велосипедски тури, следење параглајдинг, прошетки по крушевската корија и собирање билки, културни настани, храна и многу други работи.

National Geographic со препорака: Пробајте параглајдинг во Крушево

Македонија има уште многу места кои можете да ги посетите ова лето. Не го одминувајте Крушево, но изборот за домашни дестинации е навистина голем. Низ цела држава можете да најдете чист воздух, планина, вода, музички и спортски настани, вкусна храна, гостопримство… Ова лето #ДомаСиЕДома

*Викенд во Крушево ја поддржува кампањата за промоција на домашните дестинации и ги повикувам сите македонски туристи летово и до крајот на годината да ги посетуваат домашните дестинации. Македонија има што да понуди. Крушево има што да помини. #ДомаСиЕДома

Share on:

Кои сме ние?

Идејата за Викенд во Крушево започна да се реализира на 19-ти март 2018 година. Зачната како идеја да помогне во туристичката промоција на Крушево користејќи ги најмодерните алатки – социјалните мрежи.

Започнавме тројца луѓе. Сотир Габелоски, Марија Филипова и Теано Кардула. Започнавме со фотографирање, пишување кратки текстови за социјални мрежи, а Теано кардула беше „виновна“ за прекрасното лого кое го имаме и сите прекрасни креативи кои помогнаа Викенд во Крушево денес да има над 4 000 следбеници на социјалните мрежи.

Continue reading
Share on:

Велигден во време на корона – Крушево незапаметено

Секоја година за Велигден Крушево е нешто посебно. Секогаш викендот се продолжува за два дена и токму во тој продолжен викенд сите крушевчани се собираат на едно место – во Крушево.

Тука спаѓаат оние кои постојано се тука, оние кои работат и живеат во соседните градови, во Скопје и оние кои подолго време живеат надвор од Македонија. Сите тие на овој голем празник, во овој продолжен викенд се собираат во Крушево.

Покрај ова, сите ние кои се собираме во Крушево за Велигден оваа година бевме по малку разочарани. Заради коронавирусот сите бевме принудени или да останеме во нашите домови или пак воопшто да не дојдеме во Крушево. Овој викенд, овој Велигден е изгубен, си мислевме.

Но, на крајот Велигден не’ изненади. Сите не изненади. Некако, ние крушевчани сами се изненадивме!

На полноќ, во сабота вечер, кога цело Крушево традиционално е собрано во центарот на градот, пред црквата Св. Никола сите крушевчани, овој пат, излегоа на своите тераси и цело Крушево на полноќ светеше како никогаш досега. Тоа беше една незапамтена глетка, еден пејзаж и домови кои се расветлени и луѓе кои со свеќи се излезени на своите тераси или прозорци ја одбележуваат традицијата.

Погледот беше незаборавен и чувството е незаборавно. Многу поразлично, но со истиот дух крушевчани се собраа на овој ден и со физичка дистанца ја одбележаа традицијата. Крушево уште еднаш покажа дека е прекрасно место и за нас крушевчани и за сите посетители. Крушево покажа дека може да надмине се’ и да понуди топлина, гостопримство и да ја зачува традицијата.

Сите ние посакуваме ваков Велигден да не се повтори, односно никогаш повеќе да нема кризи како оваа кои ќе не’ натераат да останеме дома и да се плашиме за нашето здравје. Иако, Велигден 2020 беше прекрасен, сепак причината за ваквото одбележување на празникот не сакаме никогаш да ни’ се повтори.

Наредниот Велигден и продолжен викенд сите заедно, и крушевчани и сите кои го сакаат Крушево, а се од другите градови, да бидеме во нашиот град, во центарот пред црквата св. Никола.

Share on:

Добредојдовте на Викенд во Крушево

Добредојдовте на Викенд во Крушево! На местото каде ќе дознаете се’ за вашиот престој во Крушево.

Оваа интернет страница ќе ви послужи максимално да го искористите времето поминато во Крушево. Каде да ноќевате, која тура да ја поминете, кој специјалитет да го пробате, што да посетите. Оваа веб платформа ги има сите информации за Крушево, затоа што вашиот престој е наша грижа.

Повелете со нас на една кратка тура низ нашиот нов веб сајт, за да дознаете каде да ги најдете информациите што ви требаат.

На самата почетна страна во левиот дел ќе најдете информации за параглајдинг, скијање, планинарење и велосипедизам. Овие активности се најпопуларни во Крушево, затоа на нив веднаш „налетувате“.

Во центарот на веб сајтот се информации за сместување, ресторани, музеи и информации за славната историја на Крушево. Скролајте надолу и ќе ги најдете овие информации.

Како што скролате надолу од лева страна ќе видите кои настани се одржуваат во моментот, информации за временска прогноза и псоледни објави, нешто што можеби ќе ве заинтересира за со еден клик да пристапите до насловот кој ви го привлекол вниманието.

Во најдолниот дел можете да ги погледнете најубавите фотографии одбрани за вас. Верувајте ни’, ќе ве намамат веднаш да дојдете во Крушево.

За уште подетални информации користете ги менијата во најгорниот дел од страницата.

Кликнете на Услуги за да добиете информации за туристички водичи, тандем параглајдинг, часови по скијање, ресторани, кафулиња, хотели и др.

Кликнете на Блог за да ги прочитате најновите информации за Крушево, текстови кои ќе го пробудат вашиот интерес за Крушево и содржини кои го опишуваат нашиот град.

Во делот како до Крушево ќе дознаете како да дојдете до вашата дестинација.

Користете ги деловите За нас и Контакт за да дознаете повеќе за тимот на Викенд во Крушево и да не’ контактирате.

Интернет страницата weekendinkrusevo.com има за цел да го направи вашиот престој во Крушево поубав, посодржаен и со многу спомени. Ви стоиме на располагање во секое време и ве очекуваме во нашиот и ваш град.

Викенд во Крушево – Вашиот онлајн туристички водич

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)