Сонце, чист воздух и природа – Крушево прекрасно наредните денови

Ако Крушево во јануари и февруари не секогаш има снег не значи дека не е убаво. Овие пролетни температурни прилики се подеднакво привлечна причина за да го посетите нашиот град.

Сончевите денови кои ни’ претстојат се одлични за прошетка во природа и на чист воздух. Пределите кон Мечкин Камен, скијачките терени, кон споменикот Слива и манастирот Св. Преображение и самиот град ќе ви понудат физички умор, но, од другата страна, духовно прочистување и релаксација.

Несекојдневно повисоките температури ги прават деновите во Крушево неодоливи и за кафе на отворено. Испиеното кафе под крушевското сонце е нова можност за релаксација, муабет и витамин Д.

Така што пред нас е викенд, но и потоа цела недела која може да ни го разубави нашето слободно време и да ни го исполни одморот со вистинска релаксација. Не заборавајте дека чистиот воздух, убавото време и природата се нешто што може да се доживее во Крушево во секој дел од годината и при различни временски прилики.

Ново место за нови спомени – Св. Никола Boutique Hotel {by skar}

Пицерија Скар, еден од најпрепознатливите брендови на Крушево, го подготвува својот нов проект кој ќе го носи името Св. Никола Boutique Hotel {by skar}.

Се работи за нов сместувачки капацитет кој треба да биде отворен до крајот на годината, а ќе содржи осум апартмани секој од нив со посебно име и приказна позади себе.

Апартманите ќе бидат дел од една уникатна зграда која е една од ретките со зачувана фасада симбол на уникатната крушевска архитектура.

Исто така, од самите апартмани има поглед кон неколку делови на градот.

Она што можеби е најинтересно, авторот на овој проект сака да создаде место, како што тие го нарекуваат, за создавање на нови спомени. Така што, бидете трпеливи Скар ви подготвува ново катче за вашите нови спомени од Крушево.

Очекувајте за многу скоро да ви ги презентираме прекрасните пејзажи кои ќе може да ги зграпчите од новите апартмани, како и самите апартмани подготвени само за вас. Наскоро…

Специјалитет со 100-годишна традиција – крушевски локум

Ако сте дошле во Крушево и си заминете без да си купите локум, тогаш… исто како и да не сте биле.

Ова е мотото на најголемиот број на туристи на Крушево, пред се’ домашни. Во недела продавниците во Крушево се преполни и се купува до последната кутија локум. Се купува за себе, за пријатели, за роднини и за многу луѓе што нарачале и не смееме а да не им купиме.

Инаку, крушевскиот локум е фамилијарна традиција долга повеќе од 100 години. Овој специјалитет во меѓународни рамки се доживува како македонска верзија на турски специјалитет.

Потребните состојки за подготовка на локумот се познати, но начинот на кој се подготвува е тајна и затоа вкусот е толку неодолив.

Ќе ви раскажам една лична приказна. Летово ги посетив Апартмани Наде во населбата Езерски лозја во Струга. Како благодарност за прекрасното сместување и топлиот однос си однесов локум. Според крушевските верувања на овој начин соодветно се заблагодарив за топлиот пречек и пријатниот престој.

Не правете и вие грешка, драги наши, дојдете во Крушево купете си, или нарачајте по ваш пријател или познаник.

Сотир Габелоски

Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)