АТВ тура со водич – ново доживување во Крушево

Крушево, одново, нуди нови искуства. Посетете го Крушево и уживајте во возењето на АТВ четирицикл по падините на Бушева планина, а ние ќе се погрижиме да имате добар домаќин и водич.

Изминатите години Крушево забрзано се развива во понудата како туристичка дестинација. Ако порано градот нудеше само културни манифестации и дегустација на крушевската кујна, денес нуди многу повеќе. Тандем параглајдинг, планинарење, велосипедизам, ботанички тури, јавање коњи, авантуристички парк и возење на АТВ се само мал дел од крушевската туристичка понуда.

Изминатиот викенд имавме гости од Битола. На своите „мотори на 4 тркала“ тие допатуваа до Крушево каде што ги пречека уште еден љубител на овој „мотоспорт“. Младиот Таки Јуца ги предводеше гостите на кратка тура во Крушево, со посета на Мечкин Камен, полетувалиштето за параглајдинг и самиот град. И гостите и нашиот домаќин се согласија во првата наредна прилика да се „проба“ панорамска тура која опфаќа преубави предели од Бушева планина.

Она што Викенд во Крушево и нашиот домаќин го нудиме е водич во панорамските тури со АТВ. Контактирајте не’ доколку сакате авантура и максимално уживање во крушевските предели.

Фејсбук: Викенд во Крушево
Моб: 072 264 157

Share on:

Октомври е месецот на Тоше, научивме убава лекција

Октомври е месецот на Тоше во Крушево. Последниот концерт на 5-ти октомври и трагичната смрт на 16-ти октомври се одбележаа со концерт и традиционалниот маратон од Нова Градишка до Крушево.

Тоше живее со нас. Живее благодарение на овие настани, но и заради заложбата на неговите пријатели, фанови, поддржувачи и младите. Заслужни најмногу се оние млади кои го негуваат искрено споменот за Тоше и со срце отворено ги пречекуваат маратонците со рози.

Маратонците, пак, се херои. Херои се затоа што со доаѓањето во Крушево го носат духот на Тоше, предизвикуваат чувство на тага, но и среќа што вечно ќе го паметиме нашиот пејач, другар, човек со ангелски глас.

Да се вратиме на концертот. Организиран волонтерески. Неговите колеги настапија на сцената во Крушево и му ја исполнија желбата на Тоше тој да одржи свој концерт во неговото родно место. Тошевото име на денот на неговиот последен концерт донесе луѓе од цела држава, а гласот за овој настан се ширеше по природен пат, благодарение на неговата харизма која уште ја чувствуваме. Тоше навистина живее меѓу нас и затоа овие настани брзо доаѓаат до ушите на луѓето.

Овој месец октомври беше посебен за Крушево. Исполнет со овие два настани кои ни’ побудија чувства, го оживеаа споменот за Тоше и научивме убава лекција, а тоа е дека убавиот глас, добрината и позитивната енергија се шират брзо и никогаш не умираат.

Розите за Тоше тоа неделно пладне беа послани пред маратонците и тие физички се отстранија, но нивната трага ќе остане.

Тоше засекогаш!

Share on:

Пример за готварство – СОУ „Наум Наумовски Борче“ домаќин на најголемите имиња во областа

Крушевското средно училиште, особено угостителско-туристичкиот дел, стануваат дел од и домаќини на се поголеми настани во областа на готварството.

На 5-ти октомври во СОУ „Наум Наумовски Борче“ се одржаа мастер класови од познати имиња од областа – Стево Карапанџа, Драгица Лукин, Изток Легат, Томаж Возељ, Вук Митровиќ, Жељко Невен Бренец и Ѓорѓе Костиќ.

Овие големи имиња од готварството од екс-Ју просторите се запознаа со учениците од „Наум Наумовски Борче“ и во времетраење од 3 часа ги претставија своите мали готварски тајни.

Овој настан е уште една потврда за професионализмот и успесите на средното училиште која се демонстрира и на многу државни и меѓународни натпревари. Дополнително, мајсторите во готварството споделија пофални зборови за подготвеноста, дисциплината и организацијата на настанот.

Настанот беше инициран од Националната асоцијација на готвачи „ГАСТРОМАК“, Андријана Алачки.

Share on:

4 години Викенд во Крушево – кои се нашите планови?

Еве не’!!! 4 години заедно со вас, драги наши следбеници, поддржувачи на нашата работа и обожаватели 😜

Точно на денешниот ден славиме 4 години откако ја креиравме фејсбук страницата која денес е извор на прекрасни фотографии, корисни информации и заеднички восхит на Крушево. Крушево е она што не спојуваше изминатите 4 години со сите вас, а во наредните години веруваме дека ќе продолжиме да се дружиме.

Над 5 000 следбеници на социјалните мрежи и продолжуваме да растеме. Во 4 години вложивме труд, време и многу желба и сигурни сме дека го заслуживме вашето внимание и вашата поддршка. Останете со нас, да го одбележиме 5-от, 6-от, 7-от… 44-от роденден 😁

Во само 4 години успеавме да:

  • Да надминеме бројка од над 6 000 следбеници на Facebook и Instagram комбинирано
  • Да имлементираме еден проект за да овозможиме подобра промоција на Крушево
  • Да создадеме врска со угостителите како што никој досега не создал и да служиме како линк меѓу нив и Вас
  • Имлементиравме 5 иницијативи
  • Доделивме 2 награди
  • Создадовме неколку производи со нашиот бренд (пр. маски)

Во годините позади нас покажавме и општествена одговорност.

  • Предводевме кампањи за поддршка на сместувачките капацитети
  • Ги поддржувавме локалните ресторани, кафулиња и пицерии
  • Имплементиравме иницијатива за подигнување на свеста за заштита од коронавирусот

Го креиравме и нашиот веб сајт преку кој овозможуваме дополнителна услуга за вас, драги наши.

Сакаме да продолжиме со уште поуспешна работа во периодот што следи. Затоа, по повод нашиот роденден сакаме да ве поканиме да ни испраќате ваши фотографии и текстови со цел да го одбележиме заеднички. Исто така, ги очекуваме и вашите предлози како да се подобри.

4 години ВИкенд во Крушево – Вашиот онлајн туристички водич

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)