Градска улична трка овој викенд во Крушево

На 4-ти септември со улична трка низ улиците на Крушево ќе се одбележи Денот на независноста и Денот на ослободување на Крушево.

Засега се пријавени околу 30 учесници, а трката ќе започне во 18 часот пред платото на Гумење. За и вие да се пријавите користете го следниот линк.

Подолу може да ја погледнете мапата каде ќе се одвива трката.

Градската улична трка е дел од проектот„Малдински активизам за еко туризам“ кој го спроведува НВО „Центар за хумани односи“ – Крушево со финансиска поддршка на Агенцијата за спорт и млади, а во партнерство со општина Крушево

Овој викенд покрај оваа трка не’ очекува и фестивалот Крушево низ корија што значи имаме исполнет викенд во Крушево.

Share on:

Настани се одложуваат, но не откажуваат – лето 2021 Крушево

Неколку настани се одложуваат за септември, а параглајдинг првенствата се одржуваат без прекин.

Настаните кои секоја година привлекуваат многу гости во Крушево заради кризната состојба се одложија за септември, но позитивно е што сепак ќе се одржат и нема да бидат прескокнати ова лето. Еден од тие настани е популарниот аутдот фестивал Крушево низ корија. Настанот се одложува за викендот од 3-ти до 5-ти септември. Велосипедските тури низ шумските предели околу Крушево нема да изостанат и нашите традиционални гости-точакџии ќе можат да уживаат во убавото време, прекрасните зелени предели и авантурата што турите ја носат со себе.

Уште еден настан кој привлече многу внимание, а за прв пат се одржува во Крушево е Krushevo Trail Challenge. Овој настан исто така се одложи заради забраната за движење во шума и новиот датум за негово одржување е 10 – 12 септември. Инаку, се работи за настан кој вклучува трки во трчање на несекојдневни предели. Трките ќе опфатат шумски и градски предели, денски и вечерни услови.

Параглајдингот годинава се врати на голема врата. Само што заврши украинското национално првенство со 150 учесници, а од 21-ви не’ очекува ново доживување. Во септември ќе се одржат уште две натпреварувања, а се очекува параглајдеристите да бидат постојано во Крушево.

И покрај постоечката закана од коронавирусот, па несреќните пожари кои доведоа до забрана за движење во шума сезоната во Крушево некако функционира. За одреден дел од угостителите оваа забрана силно ги погоди, но позитивно е што полека Крушево наликува на она претходно, но со претпазливост.

Share on:

Пакувајте се! Нема подобар избор од Крушево и When in Krusevo

Викендот пред нас следи When in Krusevo фестивалот на отворено кој од година во година нуди побогата програма и се повеќе луѓе се заинтересирани да го посетат.

Фестивалот и оваа година нуди планинарски и велосипедски тури, кампување, кајакарење, трки во трчање и секако вечерни концерти.

Вечерните концерти ќе ги одбележат настапит не Галоски и ди џеј Бабура Џуниор.

По вечерните и ноќни журки утрата на 7-ми и 8-ми август не очекуваат неколку велосипедски и планинарски тури, како и посета на музеи и попуст за тандем параглајдинг.

Нема друг подобар избор од Крушево и When in Krusevo овој викенд. Пакувајте се!

Share on:

When in Krusevo назад во Крушево

На 6-ти август When in Krusevo се враќа во нашиот град. Еден од најпопуларните настани оваа 2021-ва повторно ќе ни овозможи авантура, спорт, рекреација, чист воздух и природа.

Програмата е во изработка и, како што известуваат организаторите, за многу скоро ќе биде објавена, а засега достапен е линк за пријавување.

Изминатите години имавме навистина еден несекојдневен настан во Крушево кој донесе многу луѓе, а и крушевчани навистина се радуваа на овој настан.

Сме учествувале во планинарските тури, планинскиот велосипедизам , пробавме тандем параглајдинг и кајак авантури, а во вечерните часови уживавме на забавите под отворено небо.

И оваа година очекуваме нова возбуда. Пријавете се на следниот линк, верувајте нема да зажалите. Клик ТУКА.

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)