Најдоброто место за параглајдинг

Крушево се смета за едно од најдобрите места за параглајдинг во светот. Полетиштето за параглајдери и змаеви на Мечкин Камен секоја година е домаќин на десетина интернационални натпревари во параглајдинг и змајарство.

Во 2019 година тука се одржа 16-тото Светско првенство во параглајдинг со 150 учесници од рекорден број на земји – 49 од целиот свет. Во 2021 година во Крушево ќе се одржи Светско првенство во змајарство.

Полетиштето се наоѓа на повеќе од 1 400 метри надморска висина, а причината зошто се смета за едно од најдобрите места за овие спортови е неговиот пристапен и безбеден терен со фактот што точките за слетување се блиску до патиштата кои водат до Крушево. Исто така, учесници на 16-тото Светско првенство во параглајдинг го ставаат полетиштето во топ 3 дестинации за овој спорт, пред се’, заради ружата на ветрови кои овозможуваат правилни подигнување од површината.

Општина Крушево сериозно инвестира во авантуристичкиот туризам каде што централно место има параглајдингот. Неколку проекти го ставаат параглајдерството во фокусот и очекуваните резултати се Крушево да стане една од топ 3 дестинации за параглајдинг и змајарство.

Последната инвестиција која се очекува на овој простор е поставување на двојно поголем вештачка трева, која ќе овозможи побезбедно полетување и одржување на уште поголеми меѓународни натпревари во параглајдинг.

На ова место општина Крушево ќе изгради и објект за самите параглајдеристи, а во функција на одржување на повеќе меѓународни првенства.

Пред Европско првенство, 2019

Местото Мечкин Камен, кој е во околината на полетиштето, е место за пикник во летниот период за туристите и крушевчани, а патот до таму е соодветен за пешачење и планински велосипедизам. Околните шуми нудат адреналин, чист воздух и плодна вегетација. 

Мечкин Камен е уште едно историско место во градот Крушево и затоа не пропуштајте да го посетите кога сте во Крушево. 

Месноста Мечкин Камен

И покрај тоа што ова место е едно од поубавите и популарните излетнички места во себе со споменикот Мечкин Камен овој локалитет носи голема историска вредност за градот.

Споменик Мечкин Камен

Споменикот Мечкин Камен е симбол на Илинденското востание кое се издигнало на 1-ви август 1903 година. Споменикот ги означува последните и очајнички обиди на малубројните членови на одредот на Питу Гули за заштита на градот од турскиот окупатор. Споменикот е спомен на загубените комитски животи за слободно Крушево од 1903-та година.

Спомениот е подигнат во 1983 година и е креација на македонскио вајар и академик Димо Тодоровски.

Што претставува ова место за Крушево?

Ако споменикот Мечкин Камен е поглед кон минатото, кон едно славно минато кое градот Крушево го има, местото за параглајдинг е поглед кон иднината, за крушевчани и затуристи од Европа и Светот.

16-то Светско првенство, затворање, 2019
Share on:

Посетена од 600 000 луѓе, спомен куќата на Тоше Проески е симбол на Крушево

Во спомен куќата Тодор Проески можат да се видат предмети кои зборуваат за животот на познатиот македонски пејач кој загина трагично во 2007-ма година, а беше на пат преку музика да го освои Светот.

Тоше Проески е балканска музичка ѕвезда и во негова чест е изградена спомен куќата. Тој беше амбасадор на Македонија и музички талент кој можеше да достигне светска слава.

Спомен куќата е отворена во април 2011-та година и оттогаш е посетена од повеќе од 600 000 луѓе.

Во спомен куќата посетителите можат да ги најдат неговите лични работи, претставување на неговата соба каде што го поминувал слободното време, книгите што ги читал и др. За време на прошетката во зградата постојано се емитуваат неговите безвременски песни кои го збогатуваат местото.

Тоше е роден на 16-ти октомври 1981 година во 11:25 часот и оваа година настанот на кој се одбележа неговото раѓање започна во 11:25 часот. Организаторите велат дека на тој начин сакаат да потенцираат дека Тоше има само датум на раѓање.

Можете да ја посетите спомен куќата Тодор Проески секој ден освен понеделник од 9 до 16 часот.

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)