Викенд во Крушево – Твојот онлајн туристички водич
Викенд во Крушево е вашиот „онлајн“ туристички водич, место каде што пред се’ ќе се воодушевувате на прекрасните пејсажи од градот и околината и ќе добивате информации за што да правите, каде да одите, кое преноќиште да го одберете, каде да пиете кафе и да пробате нешто вкусно од традиционалната градска кујна.
Нашиот водич ќе ви помогне да ги доживее најдобрите искуства во Крушево и максимално да го искористите времето поминато во нашиот и ваш град.
Викенд во Крушево исто така стои на располагање на угостителскиот сектор во Крушево за нивна промоција – ресторани, хотели, кафулиња и др.На крајот, да се претставиме кои сме. Позади Крушево стои неформална група на млади луѓе од Крушево кои самоиницијативно отпочнаа со работа на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.
Членови на тимот, одговорни за водење на страницата и профилот:
- Сотир Габелоски
- Марија Филипова
- Теано Кардула
- Наум Прешоски
- Наум Налбантоски
Викенд во Крушево – Твојот онлајн туристички водич.
