Крушево има богата зимска и скијачка понуда од аспект на ресурсите што ги нуди во градот и од аспект на успешни спортисти во алпско и нордиско скијање.

Ски центар Станич

Ски центарот Станич во 2019 година беше целосно реконструиран и уреден со нов ресторан на терените и поразновидни услуги за посетителите. Овој центар нуди 3 стази за скијање од кои две се за почетници, додека стазата под самата жичарница може да се смета за полупрофесионална.

На самите терени можете да изнајмите скии, а во билетот што ќе го купите покрај користење на жичарницата и ски лифотивите можете да да се напиете кафе и да пробате дел од храната во ресторанот Алто.

За повеќе детали околу цена на билети и што се’ добивате со истите на следниот линк: http://panoramaspa.mk

ФОТО ОД АЛТО

Стазата под жичарницата е долга 618 метри, а карактеристично е што самата жичарница е на само неколку минути оддалеченост од центарот на град Крушево.

До ски терените Станич може да се пристапи и пеш, доколку сте љубители на прошетки. Едниот начин е од месноста „Гумење“ преку детското одморалиште Бегова Корија. Овој пат ќе ви одземе околу 40 минути лесно одење за да стигнете до терените.

Вториот пат е од хотелот Монтана, пат кој е претежно во шума и со благи и кратки угорнини. Ако сте за малку поинтензивна прошетка тогаш искористете го овој пат и не грижете се затоа што патокази за оваа делница има насекаде.

ФОTO НАД ПАНОРАМА

Покрај изнајмување на скии на Станич можете и да учите да скијате со професионален инструктор. Искористете ги контактите од хотел Панорама Спа за да си „резервирате“ ваш инструктор.

Но, на Станич можете да отидете и само за прошетка, да се напиете кафе или чај и да уживате во сонцето од терасата на Алто или брвнара Шапе.

ФОТО ОД СТАНИЧ

Крушево има богата историја на успешни спортисти на државно и меѓународно ниво. Така е и денес.

Моментално Крушево е најпрепознатливо по нордиецот Ставре Јада кој учествува на европски и Светски првенства, како и на последната Олимпијада.

Крушево нуди одлично зимско доживување, ние сме тука да ви го овозможиме најубавиот помин! Контактирајте не.

Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)