Крушево е лоцирано во југозападниот дел од Македонија, 168 километри оддалечено од главниот град Скопје, кој што е исто така и административен и бизнис центар на државата.
Со автомобил
Доколку доаѓате со автомобил, Крушево е лоцирано на 55 километри од Битола и 30 километри од Прилеп. Регионалните патишта го поврзуваат Крушево со овие големи градови во Македонија: Крушево – Прилеп – Скопје, Крушево – Демир Хисар – Битола – Охрид.
Нема автопати кои што поминуваат на територија на Крушево. Најблискиот автопат е рутата М5, која што поминува близу Прилеп.
Со автобус:
Друга можност е да дојдете до Крушево со автобус. Од Скопје до Крушево и обратно има автобуси неколку пати дневно.
Скопје до Крушево: 12:00; 19:10
Крушево до Скопје: 07:00; 16:30
Од Битола до Крушево и обратно има автобуси повеќе пати во денот:
Крушево до Битола: 7:20; 14:40
Битола до Крушево: 12:20; 16:30
Од Прилеп до Крушево и обратно
Прилеп до Крушево: 07:25, 09:35, 11:40, 14:45, 16:40, 19:30
Крушево до Прилеп: 06:25, 08:40, 12:30, 15:20, 17;30
Забелешка: Ве молиме контактирајте не за да добиете најнови информации за автобуси од Крушево и главните градови низ Македонија.
Воздушно:
Крушево е поврзано со два главни аеродроми во Македонија (Скопје и Охрид). Градот исто така е релативно близу до аеродромот во Солун во Грција. Оддалеченоста до овие аеродроми изгледа вака:
– 142 км. до скопскиот аеродром и
– 130 км. до охридскиот аеродром
– 250 км. до аеродромот во Солун, Грција.
Забелешка: Веб страните на Аеродромот во Македонија http://airports.com.mk/ и аеродромот во Солун http://www.thessalonikiairport.com/ ќе ви дадат точни информации за летови и авио превозници.