На мото тура во Крушево

Крушево и околината се одлични за велосипедизам, планинарење, собирање билки, но исто така и за мото тури.

Нашите другари Таки Јуца, Ташули Стојкоски, Валентин Мургоски и Стефан Новески речиси секоја недела ги користат пределите околу Крушево за тура со нивните мотори.

Мото турите се уште еден извор на адреналин во Крушево.

Најчесто главната цел на турата е врвот Мусица на 1788 метри надморска висина до кој се доаѓа користејќи ги земјените и т.н. стари патишта во Крушево.

Турата започнува од месноста Гумење и се движи по стариот пат за манастирот Св. Преображение. Од манастирот мото турата продолжува по нагорнините кои водат се до врвот.

Турата може да се движи и од Мечкин камен преку околината на и самиот ски центар. По патот се поминува низ трла, историски споменици како Слива, предели со билки и др.

Во оваа тура се опфаќаат многу предели на околината на Крушево, дури и подалечни делови кои се граничат со Македонски Брод и селата како Св. Митрани.

Ако сте љубители на мотори и невообичаена доза на адреналин тогаш искористете ги пределите опишани погоре.

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)