На велосипедска тура во Крушево, градот има голем неистражен потенцијал

Крушево е се’ уште недоволно истражен терен од страна на патеки за планински велосипедизам. Околината на Крушево нуди голем потенцијал и на тие предели се организираат многу велосипедски и планинарски тури, а секако и дел од активностите на фестивалите на отворено When in Krusevo и Крушево низ корија.

Овој потенцијал на Крушево беше препознат од страна на странските донатори и општина Крушево обележи и подготви патеки во должина од 42 километри.

Прочитајте повеќе: When in Krusevo – светот на адреналинот а едно место

#Крушево нуди возбудливи патеки за незаборавно велосипедско доживување низ прекрасните планински предели. Турите започнуваат од историскиот Мечкин Камен, поминуваат покрај Спомен куќата на Тоше, манастирот „Св. Преображение“, Македониумот и останатите Крушевски знаменитости, а вклучуваат и офроуд делови низ дебелата сенка на Крушевската корија. Нудат спектакуларен поглед кон #Крушево и целата дестинација, при што неизбежно е да се направи некоја фотографија во преубавата природа.
#LRCP #ЕУзаТЕБЕ #ОдржливиИнвестиции #ПотпроектНаНеделата #ОпштинаКрушево
– пишуваат од Канцеларијата на Проектот за локална и регионална конкурентност во чии рамки општинта ги означи велосипедските патеки.

Прочитајте повеќе: Велосипедизам во Крушево

И покрај овие 42-километарски патеки тие се само мал дел од понудата на Крушево. Колку за илустрација Крушево низ корија и When in Krusevo во своите тури користат и предели кои се подлабоко во крушевската корија.

Планинскиот велосипедизам е уште една алтернатива во авантуристичката понуда на градот. Доколку доаѓате без велосипед тогаш можете да изнајмите во Центарот за авантуристички туризам во самиот центар на градот или во хотел Панорама спа.

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)