,,Македониум”
Крушево е еден од ретките градови со доста богата историја. За тоа сведочат доста градби кои постојат и денес. Има вкупно шест музеи и секој од нив си има своја приказна за одредени ликови и настани кои се случиле во минатото, а се значајни во создавањето на Крушево како град, па дури и на македонската држава.

Кога ќе се спомне градот Крушево, една од првите работи кои ни “паѓаат на памет” дефинитивно е споменикот “Македониум”. Неговата изградба започнала во 1972 година, а започнал со работа во 1974 година. Идејното решение за овој музеј, кој претставува цел комплекс кој се протега на поголема површина, го изработиле познатите Јордан и Искра Грабуловски. Се наоѓа на одлична локација од каде што има прекрасен поглед кон градот и претставува еден врвен дострел на уметноста кој носи голема порака – непокор и вечен стремеж на македонскиот народ за слобода.