АТВ тура со водич – ново доживување во Крушево

Крушево, одново, нуди нови искуства. Посетете го Крушево и уживајте во возењето на АТВ четирицикл по падините на Бушева планина, а ние ќе се погрижиме да имате добар домаќин и водич.

Изминатите години Крушево забрзано се развива во понудата како туристичка дестинација. Ако порано градот нудеше само културни манифестации и дегустација на крушевската кујна, денес нуди многу повеќе. Тандем параглајдинг, планинарење, велосипедизам, ботанички тури, јавање коњи, авантуристички парк и возење на АТВ се само мал дел од крушевската туристичка понуда.

Изминатиот викенд имавме гости од Битола. На своите „мотори на 4 тркала“ тие допатуваа до Крушево каде што ги пречека уште еден љубител на овој „мотоспорт“. Младиот Таки Јуца ги предводеше гостите на кратка тура во Крушево, со посета на Мечкин Камен, полетувалиштето за параглајдинг и самиот град. И гостите и нашиот домаќин се согласија во првата наредна прилика да се „проба“ панорамска тура која опфаќа преубави предели од Бушева планина.

Она што Викенд во Крушево и нашиот домаќин го нудиме е водич во панорамските тури со АТВ. Контактирајте не’ доколку сакате авантура и максимално уживање во крушевските предели.

Фејсбук: Викенд во Крушево
Моб: 072 264 157

Share on:

Зошто е толку убаво во јануари?

Јануари е посебен месец, а зошто е тоа така прочитајте во редовите подолу.

Нова година е секогаш посебно убава во Крушево заради големиот број посетители, убавото време и снегот. Оваа година беше така, со исклучок на снегот.

Времето на 31-ви декември, на 1-ви и 2-ри јануари беше вистинска пролет. Можеби немавме снег, но имавме сончево време кое го искористивме за прошетка до Крушевско Езеро и забава со жива музика под отворено небо на Станич.

Потоа доаѓа празникот Дева кој е предвесник на Бадник и Божиќ. Уникатноста во Дева е што се работи за празник кој во христијански контекст го најавува Христовото раѓање. А, во Крушево најмладите со импровизирана ѕвезда во рацете ги посетуваат домовите и шират радосни песни. Овој празник привлекува се поголем интерес кај туристите. На овој начин 5-ти јануари се одбележува само во Витлеем, Израел.

На крајот на месецот се одбележува денот на раѓање на Тоше Проески. 25-ти јануари е денот кога луѓе од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија… се собираат во Крушево за да покажат дека Тоше има само датум на раѓање.

Но, еве деновиве снегот повторно се врати кај нас. Имаме 30 центиметри снег и времето се отвора. Типичниот јануари е повторно во Крушево. Погледнете фото подолу.

Тоа е нашето Крушево. Нашиот град е поубав од викенд во викенд. Станува едно од најпопуларните места, а за тоа не е виновен само снегот, туку и сите гости од државата и надвор од неа. Крушево е наше и ваше. Крушево во јануари е дестинација само за вас.

Тоа е нашето Крушево. Крушево е најубаво во јануари. Крушево е секогаш најубаво.

Share on:

Хуманитарен културен викенд во Крушево

Овој викенд ќе се одржат неколку настан кои ќе го одбележат Денот на волонтерството 5-ти декември.

Настанот е насловен како Хуманитарен културен викенд и е во организација на ОО Црвен Крст Крушево.

Еве што ќе има на програмата:

  • Театарска претстава „Само за твоите уши“, сабота, 17:00 и 21:00, театар Крушево
  • Училишен бенд и поетски вечери“, недела, 18:00

Цената за еден од настаните изнесува 70 денари, додека за целосната програма само 100 денари.

Настанот го предводат младите кои се волонтери во организацијата на Црвен крст во Крушево и оваа не е прва нивна активност. Зошто го кажуваме ова? Затоа што нема да погрешите ако присуствувате!!!

Share on:

Ете го снегот ?

Размислував неколку дена да напишам текст со кој ќе го најавиме снегот во Крушево. Барем, нашата временска прогноза така кажуваше. Но, еве, текстот не се склопи ама снегот дојде ?

Крушево е обелено. Вчера имавме поројни врнежи од снег, кои беа продолжение на претходната ноќ. Денес имаме бели покриви на куќите, обелени дрвја и сонце. Глетката е прекрасна.

Овие фотографии се доволно за да ви го доловиме моменталното расположение во Крушево.

Температурите се се’ уште релативно ниски, но сонцето кое е силно од рано утрово и временската прогноза велат дека ќе имаме загревање наредните денови.

Преку овој пост сакаме да ги известиме нашите следбеници и посетители дека Крушево е речиси целосно исполнето со туристи за Нова година. Ве повикуваме сите Вас да го посетите следниот линк за да ја погледнете листата на сместувачки капацитети.

Ииии, се гледаме во Крушево ?

Пишува: Сотир Габелоски

Share on:
Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)