Браво за Наум Наумовски Борче, храната е растечки туристички адут

Туристичкиот потенцијал расте, а ако мислевте дека ќе зборуваме за параглајдингот, некој нов настан во Крушево или Крушевското Езеро… нема да биде така. Овој пат ќе пишуваме за еден друг потенцијал кој го промовира Крушево, ја подобрува понудата и директно ги вклучува крушевчани.

Средното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“ продолжува да реди успеси кои позитивно делуваат на туризмот, додека истовремено се надградува. Со учеството на меѓународниот гастрономски фестивал „Бисер мора“ во Хрватска учениците и професорите учесници покажувајќи ги своите способности ја промовираа крушевската храна, но и градот како дестинација во целина.

Тимот на Гастромак и СОУ „Наум Наумовски Борче“

Заедно со тимот на Гастромак „Наум Наумовски Борче“ освои награди во трите категории во кои учествуваше. Категориите се однесуваат на приготвување на пилешко месо, послужување на риба и бело вино и припрема на татар бифтек и послужување црвено вино.

ПОВРЗАНО: Гастрономските успеси на учениците од ННБ

Она што е уникатно за овогодинешниот настан е одржувањето на мастер класови во подготовка на традиционалните крушевски јадења ајвар и пита. Тоа само покажува колку нашите јадења стануваат препознатливи надвор од нашата држава, а кујната е се поголем адут на Крушево.

Учениците и нивните ментори

Уникатноста во крушевската и македонска кујна е причина заради која се повеќе луѓе ќе доаѓата во Крушево, а средното училиште има голема заслуга за тоа. Промоцијата на вакви настани дополнително зборува за квалитетот кој се нуди во градот и истовремено делува како туристичка атракција и туристичко информирање за дестинацијата.

Храната продолжува да биде наша алатка во промоција на туризмот и традицијата, додека знаењето и овие искуства на учениците запишани во крушевското средно училиште даваат до знаење дека традиционалните јадења уште многу долго ќе се подготвуваат по мерак на сегашните и идни туристи.

За активностите на Наум Наумовски Борче информирајте се ТУКА.

Месец на ремек дело

Во најкраткиот месец од годината имавме еден несекојдневен настан кој се протегаше сите 28 дена.

Во месец февруари се прикажаа најдобрите три филмови од Берлинскиот филмски фестивал за човекови права. Се емитуваа филмовите „Aya“, „A House Made of Splinters“ и „Backlash: Misogyny in тhe Digital Era“.

Филмовите зборуваа за човековите права, нивното нарушување и избликот на поединци кои ги победиле сите притисоци од општеството. Филмовите беа едно ремек-дело за нас.

Крушевчани проследија приказни од ширум Светот и ја гледаа борбата на главните актери од најмала до најголема возраст.

За нас најинтересна беше последната проекција во која видовме закани, насилство и дискриминација на жени во образованието, политиката и други области преку социјалните мрежи. Backlash: Misogyny in the Digital Era е филм кој претставува еден современ проблем, кој, истовремено, е многу актуелен. Многу луѓе, не само жени, се соочуваат со насилство преку социјалните мрежи.

Настанот го организираа Амбасадата на Германија и Младински Сојуз – Крушево, а филмовите се прикажуваа во 6 градови во Македонија.

Проекциите се одржаа во една од најубавите згради во Крушево. Фотографија подолу

Еден е Тоше… Помина уште еден роденден

Во снежно Крушево се одбележа уште еден роденден на Тоше. Со негови фанови од државата и странство Тоше Проески повторно живееше преку своите песни.

Снежно утро со густа магла. Студено време кое ги натера крушевчани и посетителите на градот да стават уште еден слој облека на себе додека се упатуваат кон спомен куќата „Тодор Проески“. Времето најавуваше студ, додека во нашето срце е уште поладно затоа што од 2007 година го нема нашиот пејач и голем хуманитарец.

Луѓето се упатуваат најпрво кон Тошевото вечно почивалиште. Палат свеќа и размислуваат колку е жалосно што ова младо момче денес можеше да има над 40 години. Чувство на студенило ги обзема сите негови фанови – „Како можеше да се случи?“ тоа што се случи пред 15 години – се прашуваат сите.

Спомен куќата „Тодор Проески“, вториот дом на Тоше, подготвува програма во која негови фанови, колеги и уметници ќе ги отпеат неговите песни, ќе насликаат негов портрет и ќе доловат моменти кои потсетуваат на неговата големина.

Со самиот влез во спомен куќата се чувствува топлина. Нашите срца се затоплуваат затоа што го чувствуваме неговото присуство преку песните кои се емитуваат постојано во спомен куќата. Поминуваме покрај изложба која отсликува љубов за Тоше, а негови колеги го започнуваат настапот. Ги пеат неговите песни и навираат толку емоции. Сите слушаме внимателно, потпевнуваме затоа што неговите песни никогаш нема да загинат.

Изложба на Марија Бојковска

Се стоплуваме во душата, затоа што Тоше замина, но неговите песни се безвременски. Сите во еден глас, во своите мисли се уверуваме дека Тоше има само датум на раѓање.

Но, не само неговите песни, на одбележувањето на неговиот роденден илустрирана е неговата хуманост. Редици луѓе чекаат во ред да донираат крв, да покажат хуманост и така да изразат чест кон Тоше. Тоше беше хуманитарец, тоа сите го знаеме, беше ангел, го знаеме и тоа, но не знаеме за многу негови добри дела. Неговите песни милуваа душа, а добрите дела спасуваа животи – то е наследството на Тоше Проески.

Помина уште еден 25 јануари, а Крушево размислуваше и зборуваше за Тоше. Се разбудија многу емоции, а ние како негови фанови се сеќававме на спомените од него. Тоше продолжува да живее преку неговите песни, но и сите познати и непознати дела.

Како да си поминеш убаво во Крушево во 2023?

Крушево и без снег атрактивно! Доказ се бројните туристи секој ден во Новата година.

2023-та носи многу возбуда во Крушево, а почетокот на истата покажува дека Крушево станува се повеќе атрактивно. Сега не зависиме од снег, или пак ја делиме сезоната на лето и зима. Се е во едно. Крушево е се во едно во секој месец од годината.

Изминуваат 17 дена во Новата година. Туристите се присутни секој ден. Тие го поминуваат својот одмор овде, без оглед на временските услови.

Од прошетки, преку посета на споменици до забави на ски терените и уживање на гости кај угостителите… Згусната агенда на секој посетител оваа година. Љубителите на Крушево очигледно е дека уживаат во нашиот град. Можеби повеќе би уживале со снег, но природата, настаните, празничкиот дух и локалитетите го прават Крушево привлечно за посетители.

Бројни туристи се тука од понеделник до недела. Тоа значи дека Крушево расте од туристички аспект. Многу од вас веќе се уверија во тоа на почетокот на 2023…

…..

Во 2023 навистина ќе биде возбудливо. Се очекуваат дури 10 параглајдинг првенства, традиционалните настани кои се одржуваат (When in Krusevo, 10 дена Крушевска Република, Крушево низ корија, пливачки маратон, трки во трчање…), но и авантуристички тури со оф роуд возила, смотра со илјадници учесници и многу други.

Крушево и само Крушево во 2023-та година!

Викенд во Крушево

Викенд во Крушево

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)